Крвта бликна и му го облеа лицето, а Толе збесна. Со еден скок го фати сега за гуша Аќифа, му го откина јатаганот и, дури да посегне Толе и дури да го спречат другите ораџии и сеирџии што се загнаа да го откинуваа, Толе замавна и тилот од Аќифовата глава се оддели од другата половина и Аќиф се испружи на сред чаир.
               
             
           
            
            
              „Толе Паша“
               од Стале Попов 
              (1976)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  —  Нејсе, — вели дедот Петко. — Дури да и нараниме маските, да се обујме, да се замиеме образ, па шо се вели, дури да поручаме, и времето ќе дојде за одење.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)