ете (чест.) - како (прил.)

ТЕОДОС: (Тргнал по Кева, се загледува во подот, се наведнува и дигнува мала сламка од метла.) Ете како чистат!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
– „Ете како: откога влеговме в гемија во Солун, кога нѐ забра еден силен ветар, та кога ја спотераа талазите гемијата, една недела што ја носи силно морето и на неделата кога ја удри од едни спили, парче по парче се стори и за касметот мој ме исфрли на една штица морето на суво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тиа удри, ние веди грбовите, ете како, како сета раја во Турцко — одговори Трајко со глас на покорниот роб.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете како би било, да не се држат адети.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТОМЧЕ: Татко... ТЕОДОС: (Кратко и суво.) Што! ТОМЧЕ: Сакам да зборувам со тебе...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)