зарем (чест.) - во (предл.)

Или пак, зарем во градот не можеше што и било да биде злочин за себе?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Рипна на нозе: - Сега што да ти правам, кај да те кријам! – му рече на Бошка. – Зарем во мојата куќа крв да се лее!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А јас му велам, зарем во оваа доба да го будиме.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Народот се чудеше: ама чудењето го замени неверување: зарем во амамот да се појават змии, па тоа да е причината за затворањето?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сакав уште нешто да кажам, но поп Стерјо веднаш ме прекина: - А што си мислиш дека ако не би ги собрале децата, зарем во Езерец немаше да има гимназија?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зарем во тоа има нешто лошо, Смит, кажи? Ајде!“ 13
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)