Оној кој го избра мракот за да слезе по сокакот  (а сокакот потсетуваше на извиткана јагула  што ќе ја замати бистрата вода штом ќе го зграби  пленот на езерското дно);  Оној кој ја избра темнината на мрачниот сокак  а не гази по калдрмата додека слегува  и потсетува на молитва, на порака,  или на нејасен збор од тајна болка;  Оној кој го избра мракот и слезе по сокакот  на посветеноста гласот ни го подари  за да ни биде и поттик, и надеж.
               
             
           
            
            
              „Посегање по чудесното“
               од Србо Ивановски 
              (2008)