Оставија само расфрлани книги по подот, оставија неколку откорнати штици, под кои не пронајдоа ништо, ја оставија вратата отворена; вратата чкрташе како ѓаволот сето време потоа, а онаа стара жена, стопанката на куќата, што живееше во собата веднаш спроти онаа отворената, неколку дена немаше смелост ни да ја затвори и по цели денови одеше изврзана со крпа преку ушите за да не ја слуша како чкрта и при најлесно ветре.
               
             
           
            
            
              „Белата долина“
               од Симон Дракул 
              (1962)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  17 Имајќи предвид дека САД во овој период уште не биле во војна со силите на Оската, В. Донован, исто како и при посетата на Бугарија и тамошниот разговор со министерот Филов, извршил силен притисок врз југословенските државници, убедувајќи ги да не пристапуваат кон Тројниот пакт.
               
             
           
            
            
              „Македонија низ нишанот на САД и Британија“
               од Тодор Чепреганов 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Во разговорите што ги водел со највисоките југословенски политички личности и со намесникот, кнезот Павле Караѓорѓевиќ, Донован бил многу јасен кога истакнал дека Кралството Југославија не ќе може да се надева и да смета на помошта на западните држави ако пристапи кон Тројниот пакт и во таков случај нема да го преживее крајот на војната.
               
             
           
            
            
              „Македонија низ нишанот на САД и Британија“
               од Тодор Чепреганов 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Сопственото јас, вели еден пациент, се чувствува смачкано и осакатено, дури и при           најобичен разговор.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 22“
              
              (1995)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Неговото траспонирање                                 станало влијателно и при правењето костими и во                                 модата.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 26-28“
              
              (1996)