не (чест.) - очајува (гл.)

- Не очајувај, момче! За археологот секогаш ќе се најде нешто.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Да не очајував кога бев дете, неверството на Рајнер ќе беше само краткотрајна болка, нешто на што ќе му го завртев грбот и ќе заминев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но сега, новата болка ја засекуваше старата рана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вака е полошо, кога ќе дознам нешто ново за неа, а баш сум почнала да танцувам со Луис Марија, сум почнала да го бакнувам, или сум само близу Луис Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, не очајувајте. Вие веќе знаете, бидејќи ѕирнавте во упатството за Асенета, дека сонот вам и не ви е зададен за да го сонувате, туку за друга цел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И добро поднесувам, зашто сама сум меѓу оние бесмислени луѓе и не очајувам толку.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пристапете ѝ, спуштете го клучот на масата и прашајте дали е слободно да седнете.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ама не очајувајте, ако непорочно го носите бога вели попот, ако го славите Исуса, ако го спомнувате во сѐ што правите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)