не (чест.) - погледнува (гл.)

Смрдеата ги гонеше. Сѐ беше оставено на неколку луѓе коишто, исто така, не погледнуваа што се случуваше во ќелиите. Глигор можеше да започне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но тој, и не погледнувајќи ги, знаел која е трудна и која кога ќе роди и женскомашки се клештел - ќе им подвикне, ќе се разбегаат како чавки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зазбиван, тој се искачуваше нагоре не погледнувајќи освен пред себе каде што му газеа нозете.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Погледни нѐ, повеќето сме трудни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас подзастанав, но сѐ уште не погледнував ниту во едниот, ниту во другиот. Насетив што ќе биде, но требаше да се воздржам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Никој не го испрати сѐ до излезот од селото - затвор. Оди пругоре и зад себе не погледнува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А пак и таа знаеше да се носи ѓаволски! Само пред себе гледаше, никого без потреба не погледнуваше, ни муабет без потреба правеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Знаете ли каде би можел да ја најдам продавницата за јужно овошје? – А зошто сте заинтересирани за неа? – рече старицата, не погледнувајќи го. – Морам да ја пронајдам!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се колнеа, подуени и тромави, дека по туѓи сестри не погледнуваат. Селото притаено ги слушаше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)