Ракоплескањето и извиците не стивнуваа. И кога последен пат се спушти завесата - Сашка се задржа за статуата до неа, да не падне.
               
             
           
            
            
              „Бојана и прстенот“
               од Иван Точко 
              (1959)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Три дена и три ноќи оѕвиваа свирките и тапаните во манастирот, се виткаа ората, не стивнуваше веселбата. А потоа завладеа мир и тишина во манастирот.      
               
             
           
            
            
              „Злодобро“
               од Јован  Стрезовски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Михајло! Пукањето не стивнува, ни се полнат ушите со татнежи.
               
             
           
            
            
              „Небеска Тимјановна“
               од Петре М. Андреевски 
              (1988)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Камењата, шметнати, испуштаа црвени огнила, а оној прескакаше над гробовите како да е скраја, ниеднаш не стивнувајќи.
               
             
           
            
            
              „Белата долина“
               од Симон Дракул 
              (1962)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Сѐ што речеш ил помислиш не стивнува  Тук, останува, тлее во вечната правда  Не порекнувај оти дур в идни животи ќе страдаш  Не се шегувам, не, ова не е никаква парада  На хирови и суети, туку уште од доба стара
               
             
           
            
            
              „Сите притоки се слеваат во моето корито“
               од Марта Маркоска 
              (2009)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Суровата игуменија Минадора рекла со скаменето лице неколку утешни зборови и го развеала манастирското знаме со извезен лик на маченикот Никита.
               
             
           
            
            
              „Тврдоглави“
               од Славко Јаневски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
               
             
           
            
            
              „Тврдоглави“
               од Славко Јаневски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Татко ми, следен од Чанга, се искачуваше по дрвените басамаци што водеа до чардакот, а од дворот не стивнуваше нашата песна.
               
             
           
            
            
              „Времето на козите“
               од Луан Старова 
              (1993)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Жан-Пол Капи , професор по книжевност на Нова Сорбона      Зарем на Балканот не стивнуваат бурите на историјата?
               
             
           
            
            
              „Времето на козите“
               од Луан Старова 
              (1993)