ќе (чест.) - наслика (гл.)

На тој начин Хјум ќе наслика портрети на некои познати личности (често оние што се исконструирани да бидат популарни, но некако не се, како што е актерката Петси Кенсит, на пример) коишто испаѓаат како некакви увеличани полиња од нивните лица или делови од телото, или пак површини од некои нивни „атрибути“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Облачно претпладне во јули. Вкус на пепелта лета низ воздухот; - мирис на дрво што се поти на огништето, - натопени цвеќиња, - опустошени шеталишта, - зошто веќе да не дојдат играчките и темјанот? “, ќе наслика Рембо во неговите „Изреки“ и ќе продолжи: „сум оптегнал јажиња од камбанарија до камбанарија; венци од прозорец до прозорец; Златни синџири од ѕвезда до ѕвезда, и играм“.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Царот заповеда да се подготви телото на упокоената, да се викне зограф што ќе наслика последна слика на неговото чедо, и да се сметат стакленцата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Внатре ќе насликам Благавештение. Огромно. Сета површниа златна.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Описите што Дикинсон ги следи се значајни како претстава за анксиозноста што многумина луѓе ја инвестирале во нив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дикинсон е заинтересиран за оние ‘поп“ подрачја што обелоденуваат појави на масовни невротични состојби.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)