деградација

мн. деградации
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 17473
1. Губење на веќе стекната позиција, паѓање на понизок ранг, снижување на понизок степен.
Англиски: degradation Албански: degradim
Примери:
Промената на работното место за него значеше казна и деградација.
2. Назадување, губење на одделни позитивни својства.
Англиски: degradation Албански: degradim
Примери:
Во романот е претставена моралната деградација на човекот.
Ние ќе се бориме против деградацијата на нашиот труд.