израскине

израскинат; израскини, израскинете; израскинав, израскинаа; израскинал; израскинат; (ќе) израскинев, (ќе) израскинеа; (ќе) израскинел
Вид збор: Глагол, свршен
1. Раскине сѐ што може да се раскине.
Англиски: tear off Албански: shkëput, ndërprej
Примери:
Рибарите ги израскинале мрежите вадејќи ги набрзина.
Ветерот ги израскина облаците над градот.
2. За нешто нематеријално, измачи.
Англиски: torment Албански: shkep
Употреба: Преносно значење
Примери:
Непријателот душата му ја израскина барајќи од него да се откаже од името.