капитулира

капитулираат; капитулирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 14325
1. Се предаде, се предава на непријателот, се согласи, се согласува на капитулација.
Англиски: capitulate Албански: kapituloj
Употреба: Воен термин
Примери:
Противничките сили капитулираа.
2. Отстапи, отстапува од понатамошна борба (во кавга, конфликт, натпревар); отстапи, отстапува пред тешкотиите; признае, признава сопствена слабост, немоќ.
Англиски: capitulate Албански: kapituloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие сметаат дека јас капитулирав, дека паднав во стапицата на лажливиот живот.
Таа се расправала, молела, се лутела, а потоа одеднаш капитулирала.
Изведенки
капитулирање ср.
глаг. им.