коментар

мн. коментари
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2879
1. Објаснување, толкување на некаков текст.
Англиски: commentary Албански: koment
Примери:
коментар на закон
коментар на Библијата
2. Искажано мислење, забелешка за некоја постапка, за некоја личност или за некој настан.
Англиски: comment Албански: koment
Примери:
За сѐ има свој коментар.
3. Новинарски текст во кој се објаснува суштината, смислата на определен актуелен настан или политички потег.
Англиски: commentary Албански: koment, kumtesë
Примери:
надворешнополитички коментар
редакциски коментар