паланка

мн. паланки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 15870
1. Гратче, населба со мал број жители во која односите на луѓето се непосредни.
Англиски: small town
Употреба: Архаизам
2. заостанато место
Употреба: Пејоратив
3. Мала тврдина заштитена со колци и со ров, на патиштата на Турското Царство.
Англиски: fort
Употреба: Историја
Примери:
Се граделе тврдини и паланки за стационирање на војската.