подѕирнува

подѕирнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 30781
1. Ѕирнува одвреме-навреме некого.
Англиски: glance Албански: vezullon
Примери:
Го подѕирнува детето преку отворената врата.
2. Ѕирнува некаде по малку или одвреме-навреме.
Англиски: peep Албански: vezulloj
Примери:
Подѕирнува накај девојките.
3. (се подѕирнува) Се ѕирнува, се гледа по малку со некого, еден со друг, одвреме-навреме.
Англиски: peep Албански: vezulloj
Примери:
Се поѕирнувале кришум, криеле еден од друг.
Изведенки
подѕирнување ср.
глаг. им.