промовира

промовираат; промовирал; промовиран; промовирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 6200
1. Прогласи, прогласува некого за доктор на науки; изврши, врши промоција.
Англиски: confer a doctorate Албански: promovoj
Употреба: Образование
2. Претстави, претставува пред јавноста ново остварување (музичко, научно, литературно дело).
Англиски: promote Албански: promovoj, reklamoj
Примери:
Експертите по хортикултура заедно со селаните ја промовираа новата голема градина на местото од некогашниот замок.
Вчера промовираа три нови изданија од современи македонски автори.
Изведенки
промовирање ср.
глаг. им.