сектор

мн. сектори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3456
1. Дел од круг ограничен од лак и два радиуса.
Англиски: sector Албански: sektor
Употреба: Математика
Примери:
рамен сектор
2. Дел од некое пространство, подрачје.
Англиски: sector Албански: zonë
Примери:
секторот на одбраната
источниот сектор на фронтот
3. Оддел на установа или организација со определена специјализација.
Англиски: sector Албански: sektor
Употреба: Административен термин
Примери:
Продажниот сектор на претпријатието.
4. Дел од стопанството со определени економски и социјални признаци.
Англиски: sector Албански: sektor
Употреба: Економија
Примери:
приватниот сектор
државниот сектор