симфонија

мн. симфонии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 11097
1. Големо музичко дело за оркестар што се состои обично од 3-4 дела.
Англиски: symphony Албански: simfoni
Употреба: Музика и танц
Примери:
Патетичната симфонија од Чајковски.
Петтата симфонија од Бетовен.
2. Хармонично слевање на множество разнообразни звуци, тонови и сл.
Англиски: symphony Албански: simfoni
Употреба: Преносно значење
Примери:
Само реката си ја свиреше својата симфонија.