сон
мн. соништа
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 148
Примери:
Го фаќа сон.
Го надви сон.
Не ми иде сон.
Зборува на сон.
летаргичен сон
длабок сон
лесен сон
тврд сон
2.
(нема мн.) Отсуство на дејност.
Примери:
Се разбуди од сон и таа организација.
Слично со:
неактивност (ж.)
3.
(нема мн.) спокојство, тишина
Примери:
Градот потона во сон.
4.
Тоа што ќе се сони.
Примери:
Им го раскажа на сите сонот.
Сони, (виде) сон.
Толкувач на соништата.
Ѝ се исполни сонот.
5.
желба, илузија
Примери:
Да стане стварност сонот негов за слобода.
реализирани соништа
6.
талон во карти.
Изрази
Ни на сон (не се надевал, мислел).
(посл.) Од сон ништо послатко нема.
Спие вечен сон - починал.
Како на сон (се сеќава).
(разг.) Зајачки сон - краток сон.
Зимски сон - хибернација.