шпакла

мн. шпакли
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 36484
1. Ѕидарско-молерска алатка, слична на лопатка што служи за нанесување малтер, гипс и сл.
Англиски: spatula Германски: Spachtel
Примери:
Малтерот се нанесува и се мазни со метална шпакла.
2. Прибор со дршка и сплоснат преден дел што се користи при готвење за измазнување на површини.
Англиски: spatula Германски: Spachtel
Употреба: Гастрономија
Примери:
Тестото се измазнува со шпакла.