штелува

штелуваат; штелувал; штелуван
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 45201
1. Доведува машина или технички агрегат во оптимална состојба на функционирање.
Англиски: adjust Германски: einstellen
Употреба: Разговорно , Технологија
Примери:
Ги штелува вентилите.
Притоа, општината ќе може да го штелува палењето и гаснењето на светилките.
2. (се штелува) Самото се регулира.
Англиски: adjust Германски: einstellen
Употреба: Разговорно
Примери:
Програмот сам се штелува.
Изведенки
штелување ср.
глаг. им.