ѕвери
(се) ѕверат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 9984
1.
Гледа бесцелно, празно; гледа долго, втренчено, нападно.
Англиски:
gaze
Албански:
vështroj ngultas
Старецот долго седеше и се ѕвереше во затворената врата.
Девојчето се ѕвереше во излогот со кукли.
2.
Гледа исплашено, со вознемиреност фрла куси погледи на разни страни.
Англиски:
glance
Албански:
vështroj ngultas
Стражарот стоеше со камшикот в раце и се ѕвереше на сите страни.
Што се ѕвериш?
Детето се штрекнува, се ѕвери ваму таму.
Изведенки
ѕверење ср.