автомат
  
     
     
  
  
      
          
             мн. автомати
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 5294
	    
	
    
    
      
          1.
          Апарат што извршува определени дејства, работи без непосредно учество во секое од нив.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ќе пуштиш метална паричка во автоматот и веднаш ќе ја чуеш музиката.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Автоматско рачно огнено оружје.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Двајца мажи во униформи со автомати на рамо и со пиштоли на појас нешто зборуваа.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  Вид: оружје (ср.)
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          За човек што работи без да размислува, само физички извршува определени дејства, притоа е управуван од други.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Таа жена е вистински автомат, прави сѐ што ќе ѝ каже мажот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  робот (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
       
   
         
	        