ага
  
     
     
  
  
      
          
             мн. аги
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 2780
	    
	
    
    
      
          1.
          Земјопоседник, заможен граѓанин, господар во царска Турција.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Долги години одеа овчари заедно кај битолските аги. 
	              
	            
	          
	            
	              Децата си имаат мајка, ќе ги одгледа, ќе ги порасне и ќе ги направи робови на агата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  господар (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Назив на заповедник во турската платеничка војска.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Нашите го напаѓаат Прилеп и агите се бранат со топовите.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Почесен назив на секој угледен Турчин за обраќање од страна на нетурското население.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Преседоа агите преку зимските месеци, пројадоа, пропија, се науживаа во конаците.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Со лага ага не бидува - со лага ништо не се постигнува.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        