адвокат
мн. адвокати
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2365
1.
Лице кое професионално се занимава со адвокатура како дејност, чија основна функција е давање правна помош.
Примери:
Обвинетите ги застапуваше способен адвокат.
2.
Бранител на некого во некаква расправија.
Примери:
Целиот живот изигрува нечиј адвокат.
Изрази
Дрвен адвокат - лице што се меша неповикано во некоја расправија.
Ѓаволов адвокат - оној што се залага за нешто лошо, за лоша работа.
Изведенки