бегалец
  
     
     
  
  
      
          
             мн. бегалци
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 4015
	    
	
    
    
      
          1.
          Тој што избегал од местото каде што требало да биде, од своето живеалиште или од својата татковина. што го напуштил родниот крај, што отишол од родната земја.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Стигна една композиција од дваесетина вагони со бегалци што се враќаа од Војводина. 
	              
	            
	          
	            
	              Дел од бегалците решиле да се вратат во родниот крај.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  емигрант (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Човек што избегнал отслужување на воениот рок или што напуштил борба или воена служба дезертер.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ќе го спроведат како воен бегалец. 
	              
	            
	          
	            
	              Војниците го гонеа бегалецот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  дезертер (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
       
   
         
	        