буди
  
     
     
  
  
      
          
            
              будат; будел
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
    
	    
	      Ранг: 1261
	    
	
    
    
      
          1.
          Прекинува состојба на спиење, прекинува некому сон.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Мајката секое утро нежно го будеше синчето. 
	              
	            
	          
	            
	              Ме будат грмежи што доаѓаат откај планината.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Предизвикува некакво чувство, оживува сеќавање итн.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Таа песна буди кај нас чувство на тага.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          (се буди) Престане да спие.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Таа прва се будеше во зградата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изведенки
      
      
        
          
           
          будење ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.
 
   
         
	        