в
  
    
    
  
  
        Види и: 
        	во (предл.)
         
	
    
    
      Вид збор: Предлог
    
    
	    
	      Ранг: 202
	    
	
    
    
      
          1.
          Пред нечленувани именки ако не почнуваат со в или ф и ако не се истакнува именката. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    in
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Тој се бркна в џеб и во раката веднаш му светна ноже. 
	              
	            
	          
	            
	              Отиде в град.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Во народната и уметничката поезија и покрај тоа што именката е членувана. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    in
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Високо в небото кликна орел.
	              
	            
	          
	            
	              Како младоженец в зора девојките ќе те облечат.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Главата в торба - ризикува за некого или за нешто.