вади
  
     
     
  
  
      
          
            
              вадат; вадел; ваден
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
    
	    
	      Ранг: 1357
	    
	
    
    
      
          1.
          Извлекува нешто од некаде (надвор). 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Го вади часовникот од џебот на панталоните. 
	              
	            
	          
	            
	              Ги вади и ги распоредува своите хартии врз масата. 
	              
	            
	          
	            
	              Зафати да вади вода од бунарот. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  извлекува (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Извлекува, отстранува нешто (од човечко или животинско тело). 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Итар Пејо му вади заб на еден селанец. 
	              
	            
	          
	            
	              Лекарот му го вадеше куршумот на ранетиот. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Извлекува нешто од друг, посебен предмет. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Мајсторот ги вадеше шајките од штиците.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          копа, откопува
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Таму, под ридон, некогаш ваделе камен. 
	              
	            
	          
	            
	              Вадат руда.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  копа (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          Изнесува нешто или некого; изведува некого. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Стариот ги вадеше овците секое утро на пасење. 
	              
	            
	          
	            
	              Поради мене комшијата уште го држат и не го вадат пред суд.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  изнесува (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          Изделува составен дел од некоја супстанца, целина. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              На рибата ѝ ги вади крлушките и таа останува чиста. 
	              
	            
	          
	            
	              Вади маст.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  изделува (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          7.
          произведува, изработува 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Од оваа нива вадиме пет тона пченица годишно. 
	              
	            
	          
	            
	              Овој фотограф вади убави фотографии.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          8.
          Се здобива со документ. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Летово ќе вадам нов пасош. 
	              
	            
	          
	            
	              Вади виза.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          10.
          Отстранува, истава нешто од некаде. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Напролет ја вадеше волнената постава од мантилот. 
	              
	            
	          
	            
	              Машината ја вади лушпата од оризот. 
	              
	            
	          
	            
	              Новиот производ добро ги вади дамките од облеката.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  отстранува (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          11.
          Измислува: Име, прекар на некого. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој голем шегаџија постојано им вадеше нови имиња на своите другари. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          12.
          Измислува: Вади новини во модата. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Нашата креаторка секоја година вади некои нови моди. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          13.
          Измислува: (Си) вади од умот нешто. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Од каде ги вадиш овие приказни?
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  измислува (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          14.
          Соблекува, собува, симнува нешто од себе или од некој друг. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој не го вадеше палтото од себе, ни зиме, ни лете. 
	              
	            
	          
	            
	              Штом ќе стигнат дома, таа им ги вади калливите чизмички од нозете.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          15.
          Од поголем број одзема помал, ја врши операцијата вадење.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Вади три од петнаесет.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  одзема (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          16.
          Во состав со именка: Вади заклучок - заклучува. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Со претпоставка си вади заклучок дека немал време за дивеење.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          17.
          (се вади) Се спасува, се извлекува од тешкотии. 
        
         
	          
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                shpëtoj
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Тој не сакал да се разликува од народот кој полека се вадел од ропска беда.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          18.
          (се вади) Се правда, се оправдува.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    justify
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                justifikoj
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Со различни изговори се вадеше на часот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  оправдува (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Си ги вадат очите - жестоко се караат.
          
      
        
          
            Му ги вади зборовите од уста - со мака наведува некого да зборува.
          
      
        
          
            Му ја вади душата - мачи, измачува.
          
      
        
          
            Вади ифтирија на некого - клевети некого, измислува нешто лошо за некого.
          
      
        
          
            Си го вади лебот - заработува за живот.
          
      
        
          
            Вади од умот - вчудовидува, запрепастува.
          
      
        
          
            Вади од такт - многу вознемирува.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
           
          вадење ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.
 
   
         
	        