веќе
  
     
     
  
  
      Вид збор: Прилог
    
    
	    
	      Ранг: 51
	    
	
    
    
      
          1.
          Укажува на моментот на извршување на дејството - дека е извршено или дека е извршено пред очекувањето.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Веќе сум готов. 
	              
	            
	          
	            
	              Веќе ја прочитав книгата. 
	              
	            
	          
	            
	              Зар веќе се вратил?
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Укажува на извршено дејство пред моментот на говорењето или упатува на претходниот контекст.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    already
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Веќе се имаме договорено за тоа. 
	              
	            
	          
	            
	              Веќе видовме кои беа пречките за остварување на планот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          За потсилување - го истакнува траењето на дејството.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    already
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Веќе три години работи таму. 
	              
	            
	          
	            
	              Неколку дена веќе го чекам. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Во разни контексти.
        
         
	              Остави ја веќе таа работа. 
	              
	            
	          
	            
	              Добро, веќе престани. 
	              
	            
	          
	            
	              Веќе еднаш да осамне. 
	              
	            
	          
	            
	              Требаше веќе да е тука. 
	              
	            
	          
	            
	              Кај си веќе досега?
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Укажува на промена на определена состојба.
        
         
	              Веќе си втасал за училиште. 
	              
	            
	          
	            
	              Веќе не ти личи да одиш на корзо. 
	              
	            
	          
	            
	              Сега веќе добро вози. 
	              
	            
	          
	            
	              Ова веќе не го разбирам. 
	              
	            
	          
	            
	              Веќе немам пари. 
	              
	            
	          
	            
	              Не е веќе меѓу живите.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          Повеќе, понатаму од даден момент.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    any more
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Нема веќе да одам таму. 
	              
	            
	          
	            
	              Нема веќе да плачам. 
	              
	            
	          
	            
	              Не можев веќе да го трпам. 
	              
	            
	          
	            
	              Веќе нема да се расправам со нив.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          за омаловажување
        
         
	              Веќе, како твојата работа нема друга. 
	              
	            
	          
	            
	              Веќе, кој може како тебе?
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		   
   
         
	        