влакно
  
     
     
  
  
      
          
             мн. влакна
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, среден род
    
    
	    
	      Ранг: 1706
	    
	
    
    
      
          1.
          Израсток во форма на тенка нишка на некои делови кај човекот и животните.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              На главата немаше ни влакно коса. 
	              
	            
	          
	            
	              коњско влакно
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  коса (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Нишка од која се составени некои растителни или животински клетки.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              мускулни влакна
	              
	            
	          
	            
	              конопни влакна
	              
	            
	          
	            
	              нервни влакна
	              
	            
	          
	            
	              коренови влакна
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  нишка (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Тенки израстоци на површината на некои растенија.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              На листовите и на стебленцето има влакна.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Хемиска материја во вид на тенки нишки од која со обработка се добива текстил.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              синтетички влакна
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Бара (наоѓа) влакно во јајцето - ситничав е, бара, наоѓа и најмал повод за приговори, замерки; влегува во најмали ситници, обично со лоша намера.
          
      
        
          
            Без влакна на јазикот е - зборува отворено, смело.
          
      
        
          
            Виси (се држи) на влакно - се наоѓа во многу несигурна положба.
          
      
        
          
            За влакно - за многу малку.
          
      
        
          
            Го гледа како влакно во каша - гледа некого со одвратност, со гнасење.
          
      
        
          
            Му свети влакното - многу добро изгледа.
          
      
        
          
            Му свети влакното - се орасположи.
          
      
        
          
            Влакно од глава нема да му е кусо - наполно е безбеден, заштитен.
          
      
        
          
            Прави од влакно ортома - ги преувеличува работите.
          
      
        
          
            (посл.) Волкот влакното го менува, ама ќудта не ја менува - карактерните особини остануваат секогаш исти.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
           
          влакненце ср.
мн. влакненца
          
          
          
        
      
    
мн. влакненца
 
   
         
	        