врвица
  
     
     
  
  
      
          
             мн. врвици
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 4697
	    
	
    
    
      
          1.
          тесен пешачки пат
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              козја врвица
	              
	            
	          
	            
	              стрмна шумска врвица
	              
	            
	          
	            
	              планинска врвица
	              
	            
	          
	            
	              Се враќаше по запуштени патишта, стари врвици и коњски патеки.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  патче (ср.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Животен, развоен пат, насока на дејствување.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Неговата животна и револуционерна врвица беше од по маките. 
	              
	            
	          
	            
	              Треба ли стрпливо да тапкаме по врвиците веќе изодени од други?
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		   
   
         
	        