да
  
     
     
  
  
      Вид збор: Сврзник
    
    
	    
	      Ранг: 6
	    
	
    
    
      
          1.
          За поврзување целни зависносложени реченици, обично се јавува со предлогот за (за да, како сложен сврзник).
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    to
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Таа застана да ме види поубаво. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој трчаше да го стаса автобусот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Во условни зависносложени реченици, во реален и нереален услов (ако).
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    if
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Јас да бев на ваше место, би молчела и би работела. 
	              
	            
	          
	            
	              Да знаев што ме чека, ќе размислев подобро. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Со предлогот без (без да = ако не).
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    without
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Нема да оздравиш без да се лекуваш.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Во условно-допусни зависносложени реченици (заедно со и).
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    and
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              И да не дојдеш со нас, нема да ти се налутиме. 
	              
	            
	          
	            
	              И да умрам, не се предавам. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          За дополнување на глаголот во главната реченица.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    to
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Почна да се смее. 
	              
	            
	          
	            
	              Сакаше да остане.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          Во составот на сложени сврзници: како да, кога да, колку да, место да, пред да.
        
         
	              Отвори уста како да сака нешто да каже. 
	              
	            
	          
	            
	              Кога да дојдам, неа не ја наоѓам. 
	              
	            
	          
	            
	              Колку да мислиш, исто ти е. 
	              
	            
	          
	            
	              Место да учи, тој цела ноќ шета. 
	              
	            
	          
	            
	              Престани пред да сториме голема штета.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		   
   
         
	        