да
  
     
     
  
  
      Вид збор: Честичка
    
    
	    
	      Ранг: 250
	    
	
    
    
             
    
             
    
      
          3.
          При чукање на врата или при одговор на телефонски повик.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    yes
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Да, повелете. 
	              
	            
	          
	            
	              Да, кого барате?
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          За истакнување и за потсилување на дејството (заповед).
        
         
	              Да не си станал! 
	              
	            
	          
	            
	              Да не си влегол кај нас! 
	              
	            
	          
	            
	              Да не си писнал!
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          За искажување блага заповед или молба.
        
         
	              Да ми дадеш малку леб. 
	              
	            
	          
	            
	              Да ми свариш едно кафе. 
	              
	            
	          
	            
	              Да ми запееш една песна.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          За искажување покана.
        
         
	              Да ми дојдете в недела. 
	              
	            
	          
	            
	              Да ми дојдете на свадба.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          При благослови и желби за потсилување.
        
         
	              Да даде Господ од златна лажица да јадете. 
	              
	            
	          
	            
	              Бог да ви прости. 
	              
	            
	          
	            
	              Бог да ве благослови.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          8.
          Во клетви, при негодување.
        
         
	              Да пукнеш! 
	              
	            
	          
	            
	              Да не станеш од место!
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          9.
          При чудење и изненаденост.
        
         
	              Тој да не праша за мене!? 
	              
	            
	          
	            
	              Тој да се срами!?
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          10.
          во прашања
        
         
	              Да не не ти е арно? 
	              
	            
	          
	            
	              Да не си болен? 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          11.
          За поживо предавање на дејството.
        
         
	              Надвор да истура, да врне цела ноќ.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		   
   
         
	        