далеку
  
     
     
  
  
      Вид збор: Прилог
    
    
	    
	      Ранг: 344
	    
	
    
    
      
          1.
          На голема оддалеченост.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Појде далеку од дома. 
	              
	            
	          
	            
	              Нечиј глас доаѓа од далеку. 
	              
	            
	          
	            
	              Сум те гледал со восхит од далеку.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          На големо временско растојание.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Далеку е она време кога полковникот влегуваше во нејзината соба.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Многу, во голема мера.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Далеку повеќе постигнува. 
	              
	            
	          
	            
	              Далеку пообемно дело.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Далеку да е - да не ни се случи нам.
          
      
        
          
            Ни од далеку - никако, на никаков начин.
          
      
        
          
            Остави далеку зад себе - постигне голема предност над некого.
          
      
        
          
            Отиде далеку - постигне големи резултати, големи успеси; претера.
          
      
        
          
            Подалеку од него! - избегнувај го.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          далечко прил.
дем.
          
          
        
      
        дем.
          
          2. 
          далечку прил.
дем.
          
          
        
      
    
дем.
 
   
         
	        