дел
  
     
     
  
  
      
          
            мн. делови
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 113
	    
	
    
    
      
          1.
          Тоа што е помало од целината, што претставува нејзин составен елемент.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              дел од географска карта
	              
	            
	          
	            
	              Еден дел од селаните се вратија назад.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Тоа што е издвоено во однос на некоја целина.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              асфалтиран дел од патот
	              
	            
	          
	            
	              нов дел на градот
	              
	            
	          
	            
	              Се упати кон задниот дел од дворот. 
	              
	            
	          
	            
	              На горниот дел од челото имаше рана.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Предмет со посебна функција во рамките на некоја направа.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Од деловите на еден стар струјомер се обидуваше да направи електрично ѕвонче.
	              
	            
	          
	            
	              резервни делови
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Тоа што припаѓа некому при делба на нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Твојот дел од дуќанот ќе ми го препишеш мене. 
	              
	            
	          
	            
	              Му падна криво оти не му дадоа еднаков дел од парите. 
	              
	            
	          
	            
	              Имотот го разделив на четири дела.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Удел, учество во нешто.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    share
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                pjesëmarrje
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Тој има голем дел во нивната победа. 
	              
	            
	          
	            
	              Мојот дел во таа работа е сосема мал.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  удел (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Дел по дел - малку по малку, полека.
          
      
        
          
            (книж.) Лавовски дел - неспоредливо поголем дел, најголем дел.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
           
          делче ср.
мн. делчиња
дем.
Пример: Едно делче од Вас живее во секој од нас.
          
        
      
    
мн. делчиња
дем.
Пример: Едно делче од Вас живее во секој од нас.
 
   
         
	        