дојде
  
     
     
  
  
        Види и: 
        	иде (несв.)
         
	
    
    
      
          
            
              дојдат, дојдам; дојди, дојдете; дојдов, дојдовте, дојдоа; дошол, дошло, дошле; дојдев, дојдеа; дојдел; дојден
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 65
	    
	
    
    
      
          1.
          Одејќи или движејќи се со превозно средство пристигне на местото до оној што зборува, пристигне.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Дојди да ти кажам нешто. 
	              
	            
	          
	            
	              Војниците дојдоа во селото.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  стигне (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          (Си) се врати дома, во своето место (град, село).
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Синот (си) дојде од војска. 
	              
	            
	          
	            
	              Денес си дојдоа порано.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  отиде (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Пристигне нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Дојде писмото од татко ти. 
	              
	            
	          
	            
	              Дојдоа книгите.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          За нешта што се примаат со сетилата, се почувствува.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Дојде звук на камбана. 
	              
	            
	          
	            
	              Одеднаш дојде силна топлина. 
	              
	            
	          
	            
	              Дојде силна миризба на чад.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  осети (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          За вода – надојде.
        
         
	          
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                rrjedh
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Реката дојде до првите куќи.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  надојде (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          За време, сезона, празник и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Дојде пролетта. 
	              
	            
	          
	            
	              Дојде осум часот. 
	              
	            
	          
	            
	              Дојде Велигден.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          Припадне, добие (дел при поделба).
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              На секого му дојдоа по две круши.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  добие (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          8.
          Се покаже, испадне некаков.
        
         
	          
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                doli
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Фустанот дојде малку тесен. 
	              
	            
	          
	            
	              Ѕидот дошол накриво.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          9.
          Ми (ти, му ...) Добие некакво расположение.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Му дојде жал.
	              
	            
	          
	            
	              Ми дојде да се расплачам, да викам.
	              
	            
	          
	            
	              И војната ни дојде на глава.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          10.
          Во состави со предлог и некои именки.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    come
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Дојде на власт (на положба). 
	              
	            
	          
	            
	              Дојде до израз. 
	              
	            
	          
	            
	              Дојде на ред (му дојде редот). 
	              
	            
	          
	            
	              Дојде до збор. 
	              
	            
	          
	            
	              Дојде до заклучок.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            (книж.) Дојде на свет  - се роди.
          
      
        
          
            Дојде на себе - се поврати во нормална состојба, од претрпен шок.
          
      
        
          
            Дојде на глава - погоди (вообичаена) грижа некого.
          
      
        
          
            Дојде на памет (на ум) - се сети за нешто, му текне нешто.
          
      
        
          
            (Му) дојде паметот (умот) - се опамети.
          
      
        
          
            Дојде до него /до уши - разбере нешто.
          
      
        
          
            Дојде до рака/на рака - е во контакт со нешто.
          
      
        
          
            (разг., арх.) Дојде до акал  - надмудри, совлада некого.
          
      
        
          
            (Му) дојде зорт - е во неволја.
          
      
        
          
            Му дојде душата во носот - се преплаши.
          
      
        
          
            Ќе дојде колце на тркалце - ќе се промени ситуацијата.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        