дупка
  
     
     
  
  
      
          
             мн. дупки
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 1248
	    
	
    
    
      
          1.
          Отвор во нешто или низ нешто.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    hole
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
				  
  	                birë, vrim
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              дупка во ѕидот
	              
	            
	          
	            
	              дупка на ракавот
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  отвор (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Длабнатина, јама во земјата или на тврда почва (на пат).
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    hole
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
				  
  	                vrimë, zgavër
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Ископал неколку дупки за дрвца.  
	              
	            
	          
	            
	              мечкина дупка
	              
	            
	          
	            
	              Патот е сиот дупки.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  јама (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Тесно, бедно живеалиште. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тие живеат во дупка, благо речено.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Неудобно, неугледно место за забава, за одмор и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Од каде тој да пее во оваа дупка.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  дувло (ср.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          Празнина кон или во внатрешноста на организмот.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Очни дупки. 
	              
	            
	          
	            
	              Носни дупки.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  празнина (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          Празнина, недостиг во некоја целина, во некој распоред, систем.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Имаме дупка во распоредот на часовите. 
	              
	            
	          
	            
	              Не можеме сите дупки да ги затнеме со вакви плати.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          гроб
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Попот треба да го испрати до дупка. 
	              
	            
	          
	            
	              Ги погребавме сите во една дупка.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  гроб (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Од лулка до дупка - од раѓање до смртта.
          
      
        
          
            И на ѓаволот дупката ја знае - знае сѐ и сешто.
          
      
        
          
            (посл.) Кој копа дупка на друг, сам ќе падне во неа.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          дупкиште ср.
мн. дупкишта
аугм.
          
          
        
      
        мн. дупкишта
аугм.
          
          2. 
          дупче ср.
мн. дупчиња
дем.
          
          
        
      
        мн. дупчиња
дем.
          
          3. 
          дупченце ср.
мн. дупченца
дем.
          
          
        
      
        мн. дупченца
дем.
          
          4. 
          дупчуле ср.
мн. дупчулиња
дем.
          
          
        
      
    
мн. дупчулиња
дем.
 
   
         
	        