жив
  
     
     
  
  
      
          
             живи
          
      
    
    
    
      Вид збор: Придавка
    
    
	    
	      Ранг: 215
	    
	
    
    
      
          1.
          Што живее, што не е мртов; што спаѓа во животинскиот или во растителниот свет.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Од сите само тој останал жив. 
	              
	            
	          
	            
	              живо суштество, жив организам
	              
	            
	          
	            
	              живи риби, живи растенија
	              
	            
	          
	            
	              жива природа
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  мртов (прид.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Што е полн со животна сила, подвижен, пргав.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тоа дете е многу живо. 
	              
	            
	          
	            
	              живи движења, жива фантазија
	              
	            
	          
	            
	              жив ум
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          јасен, светол, изразит, лесно восприемлив
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              жив опис, живо раскажување
	              
	            
	          
	            
	              живи бои, жива слика
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          вистински, дејствителен
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              жива дејствителност
	              
	            
	          
	            
	              жив факт, жив доказ
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  дејствителен (прид.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          Што се доживува како да е жив.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              жива историја, жив спомен
	              
	            
	          
	            
	              живо сеќавање
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  вистински (прид.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          Прометен, што има многу движење, врева, шум.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              жива улица, жив сообраќај
	              
	            
	          
	            
	              жив град
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          7.
          свеж, суров, неварен, непечен
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              жив спанаќ, жива пиперка 
	              
	            
	          
	            
	              жива зелка
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          8.
          Што е силно доживеано, силно изразено (во зборовни состави со именка).
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              жива срамота
	              
	            
	          
	            
	              жива мака
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          9.
          Сосема, наполно (во зборовни состави со придавка).
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              жив гладен
	              
	            
	          
	            
	              жив ненаспан
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Да е (си, сте...) жив и здрав - пожелување.
          
      
        
          
            Жива вар - негасена вар.
          
      
        
          
            Живо влакно - долга и многу тенка глиста.
          
      
        
          
            Жива вода - во народните приказни, вода од која мртов човек оживува.
          
      
        
          
            Жива вода - извор.
          
      
        
          
            Жива вода (се стори) - сиот се изводени, изнакисне.
          
      
        
          
            Жива душа нема - нема никој.
          
      
        
          
            Жив ѕид - многу луѓе како преграда, пречка, како заштита.
          
      
        
          
            Жив јазик - јазик на кој се зборува, што не е мртов.
          
      
        
          
            Жива мера - тежина, мерка на живо животно за продажба, не заклано.
          
      
        
          
            Жива рана - отворена рана што не зарастува.
          
      
        
          
            (прен.) Жива рана - голема душевна болка.
          
      
        
          
            Жива сила - војска, луѓе наспрема техниката.
          
      
        
          
            Живо сребро - жива.
          
      
        
          
            Жив закопан - што е во многу тешка положба.
          
      
        
          
            Жив вземи пропадна - доживеа голем срам, се усрами.
          
      
        
          
            Жив се изеде - многу се покаја за нешто.
          
      
        
          
            Жив не се стори - не покажа никакво интересирање за нешто, не покажа никаква грижа.
          
      
        
          
            Ни жив ни мртов - што е многу изморен, исцрпен, премален, болен.
          
      
        
          
            Сè живо - сè што се има, сè што е во прашање.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
           
          живост ж.
живоста
          
          
          
        
      
    
живоста
 
   
         
	        