заврши
  
     
     
  
  
      
          
            
              завршат; завршам, завршиме; завршив, завршивме; завршил, завршиле; (ќе) завршеше; (ќе) завршев; (ќе) завршел
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 359
	    
	
    
    
      
          1.
          Изврши, доведе нешто до крај.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Го завршив школувањето.
	              
	            
	          
	            
	              Војната заврши.
	              
	            
	          
	            
	              Чекав да завршат со разговорот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Дојде до некој степен на образование.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Таа заврши за болничарка. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој заврши богословија.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  дипломира (св. и несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Достигне до определен степен, состојба, место и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Овој човек ќе заврши во затвор. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој ќе заврши како крадец. 
	              
	            
	          
	            
	              Натпреварот заврши нерешено.
	              
	            
	          
	            
	              Бракот им завршил со неуспех. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Доврши, заклучи при зборување.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Секој во ова време брза да се затекне дома - заврши здодевно кафеанџијата. 
	              
	            
	          
	            
	              Да се одморам и сѐ по ред ќе ви кажам - заврши старецот. 
	              
	            
	          
	            
	              Па, тоа е така - заврши тој кревајќи ги рамениците. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          (се заврши) Се доврши, се доведе нешто до крај.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Се заврши и оваа учебна година. 
	              
	            
	          
	            
	              Половина работа се заврши. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изведенки
      
      
        
          
           
          завршување ср.
завршувањето
глаг. им.
          
          
        
      
    
завршувањето
глаг. им.
 
   
         
	        