заигра
  
     
     
  
  
      
          
            
              заиграат; заиграл
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 4030
	    
	
    
    
      
          1.
          За оро, танец - почне да игра.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Младенците заиграа колку за адет. 
	              
	            
	          
	            
	              Наскоро ќе ѝ заиграме на свадба.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          За друг вид игра - почне да игра.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Децата заиграа во песокта. 
	              
	            
	          
	            
	              Тие заиграа карти.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Натера некој да игра, го занесе во играта.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Таа го заигра девојчето со една кукла.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Направи некаков вид игра, некакво движење, мрдање.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Кучето весело заигра околу неговите нозе. 
	              
	            
	          
	            
	              Сенката му заигра по ѕидот. 
	              
	            
	          
	            
	              Насмевка му заигра околу усните.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Затрепери од радост, возбуда.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Срцето му заигра од радост. 
	              
	            
	          
	            
	              Осетив како ми заигра целата снага.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  затрепери (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          (се заигра) Се занесе во игра.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Детето се заигра со новата играчка. 
	              
	            
	          
	            
	              Мажите се заиграа карти.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  занесе (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          заигрува несв.
(се) заигруваат
          
          
          
        
      
        (се) заигруваат
          
          2. 
          заигрување ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.
 
   
         
	        