закана
мн. закани
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2910
1.
Заплашување, застрашување со нешто (обично со зборови).
Примери:
Вртеше со главата во знак на закана.
Се наслушав закани и клевети.
Слично со:
заплашување (ср.)
2.
Можна опасност.
Примери:
Собата и изгледаше голема и полна со некаква закана.
Слично со:
опасност (ж.)