занает
  
     
     
  
  
      
          
             мн. занаети
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 2960
	    
	
    
    
      
          1.
          Стопанска дејност (производство, обработка, разни услуги) што се извршува предимно рачно (со соодветен алат, машини) од стручно оспособени лица.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ѕидарски занает. 
	              
	            
	          
	            
	              Столарски занает. 
	              
	            
	          
	            
	              Терзиски занает.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          занимање, професија, струка
        
         
	              Мој занает е ткаењето. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој е бербер по занает.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          вештина, умешност, знаење
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Секоја работа си бара занает.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Од занаетот му е - се разбира во работата.
          
      
        
          
            Го испекол занаетот - научил добро да си ја врши работата.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        