запечати
  
    
    
  
  
      
          
            
              запечатат
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 14052
	    
	
    
    
      
          1.
          Затвори нешто со печат.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Сите вагони беа полни и запечатени. 
	              
	            
	          
	            
	              Службеникот го запечати писмото.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Затврди, зацврсти нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тие го запечатија својот таен договор со клетва. 
	              
	            
	          
	            
	              Една мала случка ја запечати нивната љубов.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          За судбина - одлучи, реши.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Неговата судбина е запечатена.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          запечатува несв.
запечатуваат
          
          
          
        
      
        запечатуваат
          
          2. 
          запечатување ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.