запече
запечат; запечи, запечете; запеков, запекоа; запекол, запекле; запечев, запечеа; запечел; запечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 19608
1.
Почне да пече храна.
Примери:
Од кога го запеков лебот во фурната и уште не е готов.
2.
Испече малку, одозгора, запржи.
Примери:
Tој ја запече сланината и ја принесе на масата.
Слично со:
запржи (св.)
3.
За сонце - почне да пече, да жеже.
Англиски:
burn
Албански:
pjek, djegë
Сонцето веќе запече.
Слично со:
зажеже (св.)
4.
Почне да пече, да жари.
Примери:
Го запече потта.
Солзите ѝ ги запекоа очите.
Слично со:
жари (несв.)
5.
(се запече) Се испече малку, одозгора.
Примери:
Јадењето се прелива со јајца и се враќа во рерната да се запече.
6.
(се запече) се стврдне, се скорави
Примери:
Земјата се запече од долгата суша.
Слично со:
стврдне (св.)
7.
(се запече) се вклешти, се заглави
Примери:
Шрафот се запекол, не може да се одврти.
8.
Предизвика запек.
Примери:
Чоколадото може да те запече.
9.
(се запече) Добие запек.
Примери:
Детето се запече од сувата храна.
Изведенки