засити
  
     
     
  
  
      
          
            
              заситат; заситил
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 12513
	    
	
    
    
      
          1.
          Насити, задоволи потреба предизвикана од глад, од жед.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој го засити гладот, па легна да се одмори.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Задоволи некаква внатрешна потреба, желба и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Детето брзо го засити своето љубопитство.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  задоволи (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Содржи нешто, се исполни со нешто во поголема количина.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Воздухот беше заситен од мирисот на липите. 
	              
	            
	          
	            
	              Растворот е заситен со вештачки бои.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          (се засити) Се насити, се задоволи со храна.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Гостите се заситија од печеното прасе.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  најаде (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          (се засити) се пренасити
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Таа се засити од многуте филмови што ги гледаше дури лежеше болна.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          заситува несв.
(се) заситуваат
          
          
          
        
      
        (се) заситуваат
          
          2. 
          заситување ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.
 
   
         
	        