а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

збиен

збиени
Вид збор: Придавка
Ранг: 8859
1. Што е стегнат, сплотен, компактен, густ.
Англиски: tight, dense
Примери:
збиени редови
збиени цветови
Село од збиен тип.
2. За стил, начин на пишување, на изразување - згуснат, концизен, таков што со малку зборови донесува многу смисла.
Англиски: concise
Примери:
Збиен стил.
Збиено излагање.
Збиен јазик.
Кус и збиен приказ.
Изведенки
1. збиено прил.
Пример: Тој пишува збиено и јасно.
2. збиеност ж.