зборува
  
     
     
  
  
      
          
            
              зборуваат; зборувал; зборуван
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
    
	    
	      Ранг: 164
	    
	
    
    
      
          1.
          Има способност усно да се изразува; владее со определен јазик.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Детето веќе зборуваше. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој зборува течно англиски.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Усно соопштува, изразува мисли, чувства.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Со носталгија зборуваше за детството.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Писмено соопштува, изразува мисли, чувства.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Во книгата авторот зборува за една трагична човечка судбина.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  соопштува (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          комуницира, разговара
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    communicate
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                komunikon
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Двајцата зборуваа за синоќешната средба. 
	              
	            
	          
	            
	              Оттогаш тие не зборуваат.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          Убедува некого, дава совет.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Му зборуваа сите, но тој остануваше на своето. 
	              
	            
	          
	            
	              Татко ѝ долго ѝ зборуваше, и тоа како да ја поколеба.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          Држи говор, беседа.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    speak
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                mban fjalim
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              На свеченото отворање ќе зборува Претседателот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  беседи (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          7.
          Се пројавува, се искажува во нечии постапки, зборови; се гледа, може да се види од нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Од неа зборува една длабоко осамена душа. 
	              
	            
	          
	            
	              Од нивните погледи зборува гордоста и патриотизмот. 
	              
	            
	          
	            
	              За квалитетот на нивните производи зборува постојаната голема потрошувачка.
	              
	            
	          
	            
	              Тој не кажа ништо, но како очите да му зборуваа.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          8.
          Сведочи, докажува без потреба од дополнително објаснување.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Фактите зборуваат поинаку. 
	              
	            
	          
	            
	              Постапката сама по себе зборува.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          10.
          (се зборува) се раскажува
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Низ целиот град се зборуваше за настанот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  раскажува (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Зборува како празна воденица - зборува многу и постојано.
          
      
        
          
            Зборуваат на различни јазици - не се сложуваат, не се разбираат.
          
      
        
          
            Tи зборувам ќерко, сети се снао - обраќање кон еден со порака наменета за друг.
          
      
        
          
            Зборува на ѕид / на глув - залудно зборува некому.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
           
          зборување ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.
 
   
         
	        