змија
мн. змии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1156
1.
Влечуга без нозе што се движи ползејќи, со лизгаво, долго тело.
Употреба:
Зоологија
Примери:
отровна змија
водна змија
Вид: влекач (м.)
2.
Тој што е лош, злобен или подмолен како змија.
Примери:
Што змија станала газдарицата!
Слично со:
злобник (м.)
Изрази
Блуе змии и гуштери - кажува лоши зборови.
Го касна змија за срце - му се случи големо зло.
Го касна змија за срце - претчувствува големо зло.
Змија да е, ама од срце да е - детето се сака безусловно.
Змија не го клука - за ништо не се грижи.
И за змија се фаќа - тој што нема друг излез се фаќа за што и да е.
Ја нагази змијата на опашка - сам предизвика некоја опасност.
Каснат од змија и од врвка (гуштер) се плаши - тој што веќе настрадал станува многу внимателен и претпазлив.
Кога ќе ја покаже змијата ногата - никогаш.
На змијата и оди во уста - оди кон очигледна опасност.
Со голи раце змија не се фаќа - оди неподготвен кон некаква опасност.
Чува змија в пазува - близок е со некој што му е непријател, не е свесен дека злото му е во близина.
Изведенки
1.
змивче ср.
мн. змивчиња
дем.
мн. змивчиња
дем.
2.
змијуле ср.
мн. змијулиња
дем.
мн. змијулиња
дем.
3.
змијулче ср.
мн. змијулчиња
дем.
мн. змијулчиња
дем.
4.
змијче ср.
мн. змијчиња
дем.
мн. змијчиња
дем.
5.
змииште ср.
мн. змиишта
аугм.
мн. змиишта
аугм.