зјае
  
     
     
  
  
      
          
            
              зјаат; зјаат, зјаам; зјај, зјајте; зјаев, зјаеја; зјаел; зјаејќи
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
    
	    
	      Ранг: 9932
	    
	
    
    
      
          1.
          Широко е отворен; стои неисполнет, празен; нема поклопец и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Отворените прозорци зјаат во ноќта. 
	              
	            
	          
	            
	              Дуќаните зјаат празни. 
	              
	            
	          
	            
	              Огромни дупки зјаеја една до друга.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Не е добро затворен, има пукнатини, пропушта воздух.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Куќата им зјае од сите страни. 
	              
	            
	          
	            
	              Вратата зјае и ни студи.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Прави впечаток на празнина, на безизразност.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Во главата му зјаеше пустош. 
	              
	            
	          
	            
	              Од нивните очи зјаеше прашање. 
	              
	            
	          
	            
	              Погледот му зјаеше обневидено.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изведенки
      
      
        
          
           
          зјаење ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.
 
   
         
	        